1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мисијата на ЕУ на Косово продолжува и покрај одлуката за целосна независност

Мисијата на Европската унија на Косово продолжува, пред се‘ во обезбедувањето на владеењето на правото преку ЕУЛЕКС и покрај одлуката на Меѓународната раководна група од Виена да ја укине условената независност.

default

Ова го потврдија денеска (04.07) од Европската комисија, како одговор на шпекулациите дека со добивањето на целосна независност Косово веќе нема потреба од ЕУ, посебно од мисијата ЕУЛЕКС.

Косово останува приоритет на ЕУ. Многупати сме кажале дека ние имаме јасна европска перспектива, за Косово, но и за целиот регион на Западен Балкан. Европската асистенција и поддршка на Косово продолжуваат преку нашиот специјален преставник кој се наоѓа на чело на канцеларијата на ЕУ во Приштина, како и преку мисијата на ЕУЛЕКС за владење на правото, што е приоритет во оваа земја и затоа сме таму и продолжуваме да функционираме според мандатот, кој неодамна беше продолжен за уште две години, нагласуваат од Комисијата.