1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мисирките во Чешка заразени од птичји грип

*

Вирусот на птичји грип од кој заболела една третина од јатото мисирки на фарма во источна Чешка, спаѓа во смртоносниот тип Х5Н1, соопшти денеска националната лабораторија во Прага. Уништени се останатите птици од јатото и преземени се сите санитарни мерки сосопштија чешките власти. Во Чешка минатата година имаше неколку случаи на птичји грип но исклучиво кај диви лебеди. Ова е првпат вирусот да е пронајден кај домашна живина.