1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мир, љубов и разбирање меѓу луѓето

Католичките верници денеска го слават Божик, денот на раѓањето христово. Пораките од црковните поглавари, политичарите, но и верниците се полни со апели за мир и подобар живот. Празникот се слави и во Македонија.

default

Верниците од католичка вероисповест денеска го слават Раѓањето Христово Божик. Празникот се прославува и во Македонија. Централната божикна миса се одржа синоќа во скопската катедрала „Срце исусово“. Мир, љубов и разбирање меѓу луѓето, побара бискупот скопски и апостолски егзарх во Македонија, Киро Стојанов. „Божиќната ноќ и божиќниот ден се празник на голема радост бидејќи со раѓањето на божјиот син, бог го уништи во нас стравот од смртноста и ни донесе ослободување. На сите верници, на сите христијани и на секој човек со добра воља од се срце им го честитам празникот на христовото раѓање Божик, Христос се роди“.

Честитки од Црвенковски и Груевски

До верниците во земјата, честитки за Божик упатија и македонскиот претседател Бранко Црвенковски и премиерот Груевски. „Католичката Црква во Република Македонија како и досега, убеден сум дека ќе продолжи и понатаму да го дава својот придонес за меѓусебното почитување, толеранцијата и солидарноста. Светот во кој што живееме е свет соочен со конфликти и идеолошки конфронтации и овој голем празник нека биде поттик сите заедно да го подобриме за подобра иднина и просперитет на сегашните и идни генерации“, се вели ви честитката од претседателскиот кабинет. Премиерот Груевски порачува: „Со божја помош и силна верба убеден сум дека заедно ќе продолжиме да работиме, нашите граѓани да живеат во мир и соживот, а меѓусебните различности да ги искористиме да создадеме услови за поубав живот на нашите граѓани. Во Македонија има околу 15000 католички верници.

Христијаните го слават Божик на различни датуми

Божик на 25 декември го прославуваат католичките верници и дел од православните христијани кои се водат по Грегоријанскиот календар. По две недели, односно на 7 јануари, и преостанатиот дел од православниот свет кој празнува според Јулијанскиот календар ќе го прослави Христовото раѓање. Во христијанството се уште има разлики за тоа кога треба да се слави Божик и другите верските празници, пред се поради догматските несогласувања меѓу црквите и различните системи на мерење на времето.