1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Мир е можен!

По четиригодишна крвава интифада, на Блискиот исток сериозна прилика за прекин на огнот. Во египетското летувалиште, Шарм ел Шеик, израелскиот премиер, Ариел Шарон и палестинскиот претседател, Мамуд Абас, треба да прогласат двостран прекин на огнот, изјави денеска палестинскиот министер за надворешни работи, Набил Шаат.

Конференција во Шарм ел Шеик

Конференција во Шарм ел Шеик

Израелскиот весник, ”Хаарец”, пишува дека прекинот на огнот, за што изјава е веќе подготвена, и таа чека на потпис од двете страни, конкретно значи дека Палестинците ќе прогласат прекин на теророт и насилството, а Израелците под тој услов, завршување на воените операции. Сепак, и натаму е нејасно дали палестинските екстремисти ќе се држат до прекинот на огнот.

Израелскиот амбасадор во Германија, Шимон Штајн, оценува дека самитот во Шарм ел Шеик е почеток и дека се натаму ќе зависи од подготвеноста на Абас за борба против тероризмот:

”Ние ќе подигнеме цела низа блокади, го отвораме граничниот премин Карни во појасот Газа, што веќе го сторивме вчера, ќе ослободиме и 900 затвореници за кои заедно со Палестинците ќе увтрдиме по кои критериуми ќе бидат ослбоодувани. Затоа верувам дека е ова почеток. Мислам дека на крајот се зависи од тоа колку Абас и натаму ќе презема мерки против теророт. Ако тоа го прави успешно, и ние ќе излеземе во пресрет.”

Инаку, на нивната последна средба, на 4 јуни 2003 година, израелскиот премиер, Ариел Шарон и Махмуд Абас, во јорданското пристаниште Акаба, се обидоа да го стават повторно во погон блискоисточниот мировен процес, но тоа беше промашување. Новите насилства многу брзо ги закопаа надежите за мир.