1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мир во Ирак? - конференцијата би можела да биде првиот чекор

Изминатата недела ирачкитот премиер Нури Ал Малики беше на турнеја низ арапските држави во Заливот, каде разговараше за конференцијата за Ирак во Шарм ел Шеик. Секаде беше срдечно примен освен во Саудиска Арабија. Кралот Абдула му префрли на Нури ал Малики дека презема премалку чекори за заштита на Сунитите. Но на денешната еднодневна конференција за Ирак, ќе биде и министерот за надворешни работи на Сауд

Ќе му се стави ли крај на секојдневниот терор во Ирак?

Ќе му се стави ли крај на секојдневниот терор во Ирак?

�ска Арабија.

Учесниците на конференцијата имаат една заедничка цел, завршување на конфликтот во Ирак. Овој интерес особено јасно доаѓа до израз и поради фактот што во Шарм ел Шеик за првпат по 30 години ќе се оддржат разговори меѓу Иран и САД на ниво на министри за надворешни работи. По исламската револуција и опсадата на американската амбасада во Техеран во 1979 прекинати се дипломатските односи и нема политички контакти меѓу високи претставници на двете држави, а односите Вашингтон Техеран дополнително се влошија и во последните години поради спорната атомска програма.

Но и покрај ваквата напнатост меѓу Иран и САД, двете држави веќе подолго време се на иста линија што се однесува до ирачкото прашање, иако поради различни причини. Пред се’: Како САД така и Иран сакаат нормализирање на состојбата во Ирак. Вашингтон за да може некако и да ја оправда војната како успех, а Техеран да има конечно стабилна западна граница.

Поради овој заеднички интерес двете земји во Ирак тивко соработуваа, но откако се влоши безбедносната ситуација и се заострија внатре ирачките борби му дојде крај и на взаемното трпение: Американците и Британците повеќе од една година тврдат дека Иран ги поддржува шиитските милиции.

Но и покрај или токму поради влошувањето на иранско – американските односи пред неколку недели и двете страни беа подготвени да учествуваат на амбасадорска средба во Багдад, на која се разговараа проблемите во Ирак. Разговорите се одвиваа позитивно. Додуша не можеше да се спречи нов бран насилство во Багдад но сите учесници беа единствени: Да се направи обид за смирување на ситуацијата мора да е задача на сите. Не само Ирачаните и американските окупатори туку и сите соседни земји. Секоја од нив слично како Иран има специјален проблем и интерес во Ирак.

Привремено беше и неизвесно дали ќе се оддржи конференцијата на ниво на министри за надворешни работи планирана за Истанбул. Во меѓувреме Техеран потврди дека ќе го испрати министерот за надворешни работи Манухер Мотаки на Синаетскиот полуостров. Затоа тоа е охрабрувачки чекор, но уште поохрабрувачки е ако Иранците и Американците директно разговаррат во Шарм Ел Шеик. Американската министерка за надворешни работи Кондолиза Рајс веќе навести дека не би имала проблеми со иранскиот министер Мотаки да разговара и за други теми освен за Ирак.