1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мирот во Авганистан ќе се купува со пари

Mеѓународната заедница сака пресврт во Авганистан. Тој треба да се случи со постепено преземање на одговорноста за безбедноста од страна на авганистанските сили и програма за ресоцијализација на умерените талибанци.

default

Воено-цивилна стратегија на меѓународната заедница

„Денеска како меѓународна заедница потврдуваме дека зголемувањето на воените напори мора да биде следено и со политички и економски развој. Се согласивме да ја поддржиме безбедносната транзиција, регион по регион, со договор за координиран граѓански план кој ќе се изведува паралелно“, рече британскиот премиер Гордон Браун на конференцијата за Авганистан во Лондон.

Процесот на предавање на безбедносните задачи во раце на авганистанските сили би требало да почне на крајот на 2010 и почетокот на 2011 година. Според наводи на Браун, притоа ќе се оди „провинција по провинција“. До

Afghanistan Konferenz London

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи и британскиот премиер Гордон Браун

крајот на 2011 година, авганистанската армија би требало да брои 171.000 војници, а полицијата - 134.000 полицајци.

500 милиони долари за ресоцијализација на талибанските борци

За да се постигне целта - предавање на одговорноста за безбедносните задачи, ќе се применува воено-цивилна двојна стратегија. Браун го претстави планот со кој ќе се издвојат околу 500 милиони долари во специјален фонд за реинтеграција на талибанците во општеството. Според завршната декларација, половина од меѓународната помош за обнова на Авганистан во иднина би требало да се влее во државниот буџет на таа земја, а не како досега, најголемиот дел од помошта да оди од државите-донатори директно во или преку, од нивна страна, избрани невладини организации.

Клучот за мир освен западот, го имаат и Саудиска Арабија и Пакистан

Во Лондон се собраа претставници на 70 држави, но клучот, освен западните сојузници, го држат две земји од непосредното опкружување на Авганистан. Како што посочи и авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, неопходна ќе биде поддршката на Саудиска Арабија и Пакистан кои можат да влијаат врз талибанците за надминување на кризата. Карзаи вети и дека неговата влада ќе стори се за да ги исполни условите потребни за добивање на поддршката.

„Ќе продолжиме со реформи на нашите институции. Мораме да ги зајакнеме раководењето со земјата и нашите граѓански и демократски институции. Потребна е

Afghanistan Konferenz London

„Фамилијарна фотографија“ на учесниците на конференцијата за Авганистан

рационализација на законите и процедурите со што на владата ќе и се овозможи да работи подобро и без корупција“, ветуваше Карзаи.

Мистура е нов шеф на ОН во Авганистан

Според него, на Авганистан ќе му биде потребна помош од меѓународната заедница и во следните 15 години.

Карзаи најави и дека налето ќе свика совет на старешините во земјата, наречен Лоја Џирга во обид да го забрза процесот на помирување во земјата.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун објави дека шведскиот дипломат Стафан де Мистура ќе биде нов шеф на ОН во Авганистан. Тој на 1 март би требало да го замени норвешкиот колега Каи Еиде.

Автор: ЕМФ/БГ/афп/дпа

Редактор: Жана Ацеска

DW.COM