1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Мирослав Шиповиќ уапсен на виенскиот аеродром!

Се очекува претседавачот на Советот на општина Центар да мине неколку дена во екстрадиционен притвор во Виена, а потоа да биде префрлен во Скопје.

Претседавачот на Советот на општина Центар, Мирослав Шиповиќ денеска бил уапсен на аеродромот во Виена, додека се подготвувал да замине за Скопје. По него била распишана меѓународна потерница од Интерпол и бил приведен за време на пасошката контрола на аеродромот.

Иако по Шиповиќ првично имаше распишано само интерна потерница, во понеделникот, МВР по барање на судот распишало и меѓународна потерница, па
Шиповиќ бил уапсен на виенскиот аеродром, патувајќи од САД во Скопје преку
Франкфурт и Виена. Според процедурите, на Шиповиќ ќе му биде одреден најпрвин екстрадиционен притвор, а по завршувањето на сите процедури, се очекува тој да биде пренесен во Македонија.

„Бев на шалтер и сакав да фатам авион за Скопје кога ме уапсија. Ми кажаа дека ќе ме притворат во некој од околните затвори, дека ќе седам таму два до три дена, а потоа ќе ме однесат во Скопје", изјави Шиповиќ за порталот Плусинфо.

Претседавачот на Центар денеска требаше да пристигне во Македонија каде властите најавуваа дека ќе го приведат и ќе го изведат пред истражен судија. Шиповиќ како претседател на Управниот одбор е осомничен за „злоупотреба на службената должност и овластување", дело во кое како помагачи биле вклучени повеќе лица, а буџетот бил оштетен за 1 милион евра. СДСМ за денеска на пладне имаше најавено протестен собир пред судот во Скопје.