1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Мировни разговори во Шарм Ел Шеик

*

Израелското и палестинското раководство по шестмесечна пауза во египетското одмаралиште Шарм Ел Шеик ги продолжија разговорите за мировниот процес на Блискиот исток. На средбата покрај палестинскиот претседатеел Махмуд Абас и изралелскиот премиер Ехуд Олмерт, присуствуваат и јорданскиот крал Абдула и египетскиот претседател Хосни Мубарак. Централна тема ќе биде ривалството меѓу спротивставените палестински фракции Фатах и Хамас. Олмерт изјави дека самитот ќе го заживее мирот откако Хамас го презеде појасот на Газа. Египетскиот владин кабинет вчера донесе одлука за префрлување на 350 милиони долари финансиска помош за владата на Абас.