1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мировните преговори во Колумбија ќе стартуваат дури на 15 октомври

Почетокот на мировните преговори меѓу колумбиската влада и левичарската герилска организација ФАРК е одложен за една недела.

За одложувањето на почетокот на историските преговори согласност постигнале претставниците на владата и на бунтовниците. Според постигнатиот договор , мировните преговори ќе започнат на 15 октомври во главниот град на норвешка , Осло, и ќе се одвиваат под посредништво на Норвешка и на Куба. Левичарската организација ФАРК е најголемата и најстара герилска група во Јужна Америка. Од 1964 година наваму таа води војна против државата Колумбија. Во меѓувреме борбата речиси и да не е политички мотивирана, туку е тесно поврзана со трговијата со дрога, убиства, киднапирања и изнудување на откупнина за грабнатите лица. Конфликтот меѓу ФАРК и колумбиската држава однесе повеќе од 200 илјади животи. ФАРК во изминатите години беше значително заслабната, но според проценките и натаму има околу 9000 вооружени борци.