1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мировна награда за белоруската писателка Алексијевич

Светлана Алексијевич е добитник на овогодишната Мировна награда на Германските книгоиздавачи. Нејзина тема се чувствата и надежите на луѓето во поранешниот Советски сојуз.

Светлана Алексијевич го отсликува светот во кој живеат луѓето од Белорусија, Русија и Украина. „Со текстовите за Чернобил, за советската војна во Авганистан и неисполнетите надежи за слободна земја по распадот на советската империја, таа преку трагична хроника на луѓето овозможува да се почувствуваат егзистенцијалните разочарувања“, се вели, меѓу другото, во образложението на Германските книгоиздавачи, кои оваа награда ја доделуваат од 1950 година.

Светлана Алексијевич на Мировната награда гледа не само како на признание за нејзиното литературно творештво, туку и како признание за противниците на режимот во Белорусија. „Ова значи поддршка за оние кои се во затвор и за сите кои сакаат да прават нешто друго во Белорусија“, изјави таа денеска (20.06) за агенцијата ДПА.

Мировната награда е дотирана со 25.000 евра и, согласно статутот, се доделува на лица кои „значително придонесле за остварување на мировната мисла преку својата дејност на полето на литературата, науката и уметноста“.

Мировната награда традиционално се доделува на крајот на Франкфуртскиот саем на книгата, а годинава тоа ќе биде сторено на 13 октомври. Меѓу добитниците на оваа награда се вбројуваат, на пример, и Астрид Линдгрен, Херман Хесе, Зигфрид Ленц и Орхан Памук.