1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мировен план со слаби шанси

Либискиот властодржец Моамер ел Гадафи, според наводи на Африканската унија, дал уверување дека ќе ги поддржи напорите за постигнување примирје во земјата. Бунтовниците и натаму бараат Гадафи да си замине од власт.

default

Африканската унија денеска (11.04) во Триполи соопшти дека Гадафи се согласил и со „ефективен и веродостоен систем на контрола“ на спроведувањето на мировниот план.

Мировниот план, сепак, има малку изгледи за успех - бунтовниците во Либија и натаму опстојуваат на барањето за симнување на Гадафи од власт. Кај ова барање нема компромис, тврдат бунтовниците, кои денеска во Бенгази се запознаваат со мировниот план што го предвидува Африканската унија за Либија. Претходно, Комесарот на Африканската унија за мир и безбедност, Рамтане Ламамра, на прес-конференција во Триполи, што беше пренесувана на телевизија, изјави дека Моамер ел Гадафи се согласил со планот за прекин на огнот, кој предвидува и разговор околу барањата на бунтовниците. Како точно изгледа мировниот план нема детали.

Претседателот на Јужноафриканската Република Џејкоб Зума по разговорите со Гадафи изјави: „Доволно е да се каже дека либиската делегација го прифати мировниот план на Африканската унија.“Целта на Африканската унија е преоден период за политички реформи во Либија, под меѓународен мониторинг.

Автор: ЕМФ/АТ/дв/дпа/дапд

Редактор: Трајче Тосев