1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Мировен договор за Судан

Бегалци во Судан

Бегалци во Судан

По 21-годишен конфликт владата и бунтовниците во Судан ноќеска го потпишаа завршниот дел од рамковниот договор за мир. И заменик претседателот на државата Али Осман Таха и водачот на бунтовниците Џон Гаранг во кенискиот град Наиваша нагласија дека со ова е отворен патот за сеопфатен мир. Обете страни исто така најавија дека ќе ги продолжат преговорите се до потполното расчистување на сите отворени детали.

Според спогодбата постигната по 12 часовни прегвори, лидерот на Ослободителната армија на Судан, Џон Гаранг ќе биде нов заменик претседател на државата. Неговиот партнер во макотрпните преговори, Осман Таха во иднина ќе биде само втор заменик. И покрај тоа обајцата беа озарени ноќеска кога дојдоа до решение по цели две години преговори. На крајот се водеа тешки дискусии околу поделбата на местата во управата за трите спорни покраини, поради што за малку сето ќе паднеше во вода.

Според спогодбата муслиманскиот север и црнечко-христијанскиот југ ќе имаат одвоени армии, но во кризните региони ќе формираат заеднички сили за безбедност. Државата и религијата ќе бидат раздвоени, така што исламското право нема да важи во јужниот, христијански дел од Судан. Конечно, бунтовничкиот југ доби право за шест години да одржи референдум за евентуално потполно одвојување и стекнување полна сувереност. Двете страни се договорија и за не помалку важните прашања околу експлоатацијата на нафтените резерви. И покрај граѓанската војна што Судан го врати со децении назад во стопански поглед, оваа африканска земја успеваше да извезува по 300.000 барели нафта годишно, со што заработуваше по околу 2 милијарди долари. Впрочем, токму поради редовната експлоатација на “црното злато“ САД извршија решавачки притисок врз страните во судирот. Синоќа постигнатиот компромис сега буди надеж дека ќе се најде решение и за конфликтот околу западната покраина Дарфур, каде и понатаму се водат огорчени борби. Такво ветување дадоа и преговарачите во кенискиот град Наиваша, а и генереалниот секретар на ОН, Кофи Анан, изјави дека сега постои реална надеж за надминување на хуманитарната катастрофа што им се заканува на жителите од овој регион. На опасноста што погодува стотици илјади лица во Дарфур потсети и Советот за безбедност на ОН. А германскиот парламент вчера побара од владата на Судан да се придржува до договореното примирје и да им овозможи на хуманитарните организации неограничен пристап до лицата на кои им е неопходна помош.

“Пуштете ги хумантарците во земјата, дајте го својот придонес за придржување до спогодбата за примирје, помогнете да им се стави крај на прогоните и стравотиите. Придонесете за тоа луѓето да можат да се вратат во своите домови во овој регион“ - порача германскиот министер за развојна помош Хајдемари Вичорек Цојл. Таа, заедно со пратениците на Бундестагот исто така се заложи германската влада да ги вложи сите напори во рамките на ОН за воведување ембарго на увоз на оружје за Судан.

“Тоа веќе постои на ниво на ЕУ. Тоа е навистина најмалку што може да се придонесе за ова ембраго да биде заклучено и на ниво на ОН. На тој начин ќе биде јасно ставено на знаење дека меѓународната заедница е сериозна кога врши притисок за прекин на борбите!“ - порача германскиот министер за развојна помош.