1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Минхен повторно ќе се кандидира за ОИ

Минхен ќе се обиде уште еднаш. Со официјална кандидатура овој баварски град најверојатно уште еднаш ќе се обиде да ги донесе ЗОИ во Германија, во 2022 година. Последниот обид беше неуспешен.

Германскиот олимписки спортски сојуз (DOSB) со големо мнозинство се изјасни за повторна кандидатура на Минхен за Зимските олимписки игри во 2022 година. Пред две години Минхен не успеа да ги донесе ЗОИ во 2018 година во Германија, кога тие му беа доделени на јужнокорејскиот град Пјеонгчанг.

„Точно е, повторно ќе се кандидираме“, изјави градоначалникот на Минхен Кристијан Уде. Одлуката на Германскиот олимписки спортски сојуз треба да даде позитивен поттик за референдумите, кои на 10. ноември треба да се одржат во Минхен и неговите партнери Гармиш-Партенкирхен, Шенау ам Кенигзе и Руполдинг. „Позитивен резултат“ е услов за поднесување на кандидатурата, рече градоначалникот Уде. „Ќе се бориме за тоа“. Рокот за поднесување кандидатура до Меѓународниот олимписки комитет (МОК) истекува четири дена подоцна. МОК на 31. јули 2015 година ќе објави каде ќе се одржат ЗОИ во 2022 година.

Силни ривали од целиот свет

Доколку Минхен биде избран ќе биде првиот град кој организирал Летни и Зимски олимписки игри - 50 години по Игрите во 1972 година. Меѓутоа дали Минхен воопшто ќе се кандидира ќе се знае по референдумите, ако ја поднесе кандидатурата ќе има силен противкандидат - норвешкиот град Осло, чии жители на почетокот на септември се изјаснија за кандидатурата за ЗОИ во 2022. Други можни конкуренти би биле Алмати во Казахстан, полскиот Краков, Л’вов во Украина и Естерзунд во Шведска.