1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Минхен: Олимписка кандидатура со прашалници

Олимписките игри се собир на спортистите. Тоа го знаат и противниците на кандидатурата на Минхен за ЗОИ во 2022. година. В недела граѓаните на референдум ќе одлучат дали нивниот град ќе се кандидира или не.

Минхен деновиве е град на плакати. Без оглед каде ќе се погледне, насекаде се плакатите за кандидатура за Зимските олимписки игри во 2022. година. 12.500 плакати „За“ има низ цел Минхен. Противниците пак се огласуваат со 750 плакати. Сега се на потег грѓаниите, кои в недела (10.11.2013) се повикани на референдум да се изјаснат дали градот треба да се кандидира за ЗОИ 2022. година?

Жителите на Минхен, Руполдинг, Гармиш-Партенкирхен и Кенигзе учествуваат на референдумот. За кандидатурата да добие зелено светло, мнозинството во сите четири места мора да гласа со „Да“.

Градоначалникот на Минхен Кристијан Уде уште сега размислува за Олиписките игри: „Како прво тоа би било супер за Германија. Посебно ние во Минхен знаеме, колку позитивно се одразуваат Олимписките игри. Тогаш се подобрува инфраструктурата, се преземаат многу чекори, кои веќе одамна биле неопходни“. И додека градоначалнкот се обидува да ги придобие сограѓаните ветувајќи им нови инфрaструктурни и спортски објекти, останатите заговорници на проектот за кандидатура за ЗОИ 2022 истовремено говорат дека Минхен е идеален, оти веќе постојат потребните проекти, па за Олимпијата не би требало да се гради ништо.

Критичарите негодуваат. Меѓу нив и претседателот на пратеничката група на Зелените во баварскиот парламент Лудвиг Хартман: „Постојано се вели 11 спортски борилишта веќе постојат. Но тоа не значи дека ќе биде така и во 2022, година“. Хартман предупредува дека така било и за кандидатурата за 2018 година, кога многу работи биле променети. ЗОИ во 2018. година впрочем ќе се одржат во Јужна Кореја.

Најголемите противници за одржување на Олимписките игри во Минхен, тогаш беа жителите на Гармиш-Партенкирхен. Сега таму е помирно, оти предвидената површина која би требало да се стави на располагање за Игрите во оваа општина е помала отколку пред две години. Но, противници на Олимпијадата сѐ уште има доволно. Поранешниот шумар Аксел Деринг сега е еколошки активист кој се залага за тоа Зимските олимписки игри во иднина да не се одржуваат на места кои се наоѓаат под 800 метри надморска височина. Тој исто така ги критикува договорите на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) кој поголемиот дел од трошоците им ги префрлува на локалните власти. Зимските олимписки игри во 2022. година имено би требало да чинат 3,3 милијарди евра. Само еден дел од овие трошоци би требло да ги покрие МОК.

Доколку Минхен и околните места утре кажат „Да“ за кандидатурата, тогаш баварската метропола би можела да биде првото место каде се одржани и Летни и Зимски олимписки игри.