1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Минхен“ на Спилберг во германските кина

Во кината во Германија започна прикажувањето на најновиот филм на Стивен Спилберг , „Минхен“.Филмот, во кој станува збор за палестинскиот напад врз израелскиот тим на олимпијадата во Минхен 1972-ра година, и израелската одмазда што следуваше ,предизвикува длабоко спротиставени реакции.

default

Око за око , заб за заб . Приказната за злосторството и одмаздата е стара колку и човекот . Стивен Спилберг го конкретизира овој круг на насилство . Во два и пол часа исполнети со чуства , насилство и акција – така Спилберг го опишува тајниот поход на Израел по извршителите на масакрот на минхенската олимпијада.

Кругот започнува да се исцртува во еден септемвриски ден во Минхен 1972-ра. Палестински терористи тогаш земаа како заложници израелски спортисти и по неуспешната акција за спасување на германската акција се случи вистинска катастрофа, Палестинците ги убија сите 11 грабнати Израелци.

Тогашниот израелски премиер Голда Меир веднаш му дава налог на еден млад агент на тајната служба Мосад со мал тим да ги ликвидира атентаторите од Минхен. Но, колку подолго трае одмаздничкиот поход, толку повеќе одмаздниците ги нагризува сомнеж во самите себе си. Тие откриваат многу заеднички нешта со гонетите . Кругот е затворен , нема добри , нема лоши, нема невини . Сите се вклучени во сопствената неправда- одмаздата- гласи пораката на Спилберг .

Но оваа порака не оддекна добро и тоа кај многумина .Особено погодени беа некои Израелци , и еврејски организации како во САД така и тука во Германија. Некои од нив го обвинија Спилберг дури и за предавство на Израел. Други пак се спротиставуваат на неговиот авторски пристап:

Спилберг игра брзо и со премногу леснотија со фактите , и покрај тоа што филмот се емитува со одредницата , иснпирирано од вистински настан- вели Сајмон Рив новинарот што ја напиша книгата „Еденб ден во септември“ посветена токму на случувањата во Минхен , кој додава:

„Некои од претставените настани во филмот се базирани врз факти , некои се фабрикувани.“

Многумина критичари на филмот сметаат дека тоа е опасно бидејќи Спилберг поради неговата моќ и популарност ќе биде тој што ќе го ја постави дефиницијата за овој настан со огромно значење во европската историја.Имено за многу луѓе , вистинска приказна за Минхен и случувањата потоа секогаш ќе биде приказната што ја раскажал Сплиберг во својот филм .

Режисерот ги отфрла ваквите критики истакнувајќи дека станува збор за бесмислици.

„Овие критичари се однесуваат како на сите нам да ни недостасува морален компас“ – изјави Спилберг за германскиот политички магазин Шпигел.

„Секако дека е страшно кога луѓе ќе бидат земени како заложници и убиени како во Минхен . Но тоа не смее да го запре прашањето , кои биле мотивите на сторителите на злосторството и прикажувањето на тоа дека и тие биле луѓе со семејства и историја“.

Разбирањето не значи простување . Разбирањето не значи да си мек , тоа е храбар и силен став“ – изјави Спилберг за Шпигел.

Сторијата на филмот се потпира врз книгата „Одмазда“, што е издадена уште пред 20 години. Проектот Спилберг одамна го планирал и повеќепати во меѓувреме го отфрлал. Но, сега му се сторило дека е зрело времето за неговата филмска расправа со тероризмот.

„Се разбира дека мораме да реагираме на теророт, но како ќе обезбедиме да не станеме ние токму она, против кое се бориме? Тоа е клучот за нашиот филм. Ние во него потврдуваме дека тие луѓе, и покрај се’, остануваат луѓе и мене тоа ми беше важно“ – вели Спилберг.