1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

”Минте” е новиот шеф на СПД

Франц Минтеферинг, досегашен шеф на фракцијата на германските социјалдемократи, со големо мнозинство е избран за нов партиски лидер. На вонредниот партиски конгрес во Берлин, Минтеферинг доби 96% од гласовите на делегатите и на тој начин седна на фотелјата на Герхард Шредер. Канцеларот рече дека се разделува тешко од лидерската функција во СПД, но тоа е неопходно за да им се посвети повеќе на обврските во вл

Франц Минтеферинг - нов лидер на СПД

Франц Минтеферинг - нов лидер на СПД

адата.

Очекувањата од новиот партиски претседател, Франц Минтеферинг, не можеа да бидат попротивречни. Тој треба да ја поттикне самодовербата, да ги објасни несаканите реформи и да ги помири партиските крила. Накусо – тој треба да ја спаси партијата и со тоа црвено-зелената коалиција.

Франц Минтеферинг, сјајниот организатор на изборни трки, кој автентично ја спроведе сопствената преобразба од реформски критичар во реформски поттикнувач, за ваквата ”херкулесова” задача има впечатливи средства. Тој, во однос на канцеларот, важи за најдлабоко лојален и кај партиската база ужива големи симпатии. За нејзе се избори во долгите години партиска работа и благодарение на неговото искуство во владата како министер за труд и сообраќај. Притоа, ”Минте”, како што го нарекуваат, во своите настапи останува скромен, не кокетира со своето потекло како син на работник, убедлив е преку секундарните особини како трудољубивост и дисциплина. Колку многу на поддршка тоа наидува во партијата, покажува изборниот резултат од 96%, со кој новиот партиски лидер е избран, како и огромните аплаузи со кои беше проследен неговиот говор.

Но, што ќе се случи, кога аплаузот ќе се излиже, а говорот со колнење на решителност и полет ќе одзвони? Тогаш, Франц Минтеферинг, ќе стои пред суштинската задача – да ја убеди партиската база, а не само неколкумина, дека реформите се наопходни и неодминливи. Тој мора да ги привлекува кон себе чекор по чекор партиските пријатели, кои со оглед на претстојното санирање на социјалните системи се длабоко несигурни околу тоа – колку ваквата политика е соодветна на социјалдемократските вредности. Ако тоа не му успее, тогаш и жарчето нема да ги допре избирачите. Во тоа лежи битниот предизвик на кој новиот партиски шеф ќе мора да одговори. Дека тој ќе и се посвети на оваа речиси нерешлива задача, дека нема да се уплаши од претераните очекувања поврзани со неговата личност и дека е подготвен да пружи неуморна работа на убедување, во тоа нема сомневање. Но, независно од неговата личност, во наредните месеци ќе станува збор за тоа дали содржината на владината политика може да биде понесена од страна на партијата.

Новата лева партија, ако воопшто се оформи, тешко дека ќе биде опасност за СПД. Заканите на бунтовниците во СПД од синдикалниот камп можат брзо да се распрснат како меур од сапуница, пред се поради тоа што е малку веројатно дека ним ќе им се приклучи некој од истакнатите социјалдемократи. Сепак, акцијата на бунтовниците во партиските редови го прави особено воочлив јазот меѓу партијата и синдикатите.

Сојузниот канцелар, Шредер, ја издржува партиската криза со опстојување. Нема сомневање дека со својата оставка на местото партиски претседател тој даде дел од власта. Но, тој може да биде сосема сигурен дека лојалниот Минтеферинг нема да развие амбиции за функцијата канцелар. Тоа е и решавачката причина зошто конструкцијата на поделба на функциите нема да донесе чудо, но ќе функционира. Сепак, потребно е време додека биде произведен ”Минте-ефект” во партијата, кој потоа би им бил пренесен на избирачите. Тоа за сите значи ред се способност да се опстои и земање длабок здив.