1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Министри за внатрешни – Вајмар

*

Министрите за внатрешни работи на земјите од германското говорно подрачје се договорија за поинтензивна соработка во борбата против тероризмот. На крајот од редовната годишна средба, министрите на Германија, Австрија, Швајцарија и Лихтенштајн донесоа одлука за создавање посебна работна група што ќе ги координира активностите на ова поле. На вчерашната средба во Вајмар австрискиот министер за внатрешни работи Гинтер Платер ги поддржа предлозите на германскиот колега Волфганг Шојбле:

“Мораме сите да примиме на знаење дека тероризмот стигна во Европа и затоа сакам недвосмислено да ги поддржам сите настојувања на Волфганг Шојбле, вклучувајќи го и шпиунирањето на приватните компјутери преку интернет.“

Злосторите не треба само да се расветлуваат, туку и да се спречуваат, порача Платер.