1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Министрите од ЕУ дебатираат околу Либија

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Луксембург дебатираат околу идниот ангажман на ЕУ во Либија. Велика Британија и Франција во меѓувреме го критикуваа ангажанот на НАТО во северноафриканската земја.

default

Либија

Германија нема да учествува во војна, но ќе придонесе да се намали страдањето на либискиот народ, рече министерот за надворешни работи Гидо Вестервеле на почетокот на средбата во Луксембур. Министрите таму дебатираат за тоа, како Европската унија да се ангажира во иднина во Либија, кон што се вбројува и прашањето, дали ЕУ би можела да пружи воена поддршка за хуманитарните акции, на пример преку нејзините т.н Бетелгрупс.

Министерот за наворешни работи Гидо Вестервеле

Министерот за наворешни работи Гидо Вестервеле

Франција и Велика Британија имаат различни гледишта по ова прашање. Францускиот министер за надворешни работи Алан Жипе денеска инсистираше ЕУ да стори повеќе за помошта за градот Мисрата, кој е во рацете на бунтовниците. Неговиот британски колега Вилијам Хејг меѓутоа смета дека не е потребен воен ангажман од ЕУ за поддршка на хуманитарната акција во Либија. Помошта во моментов пристигнува и до луѓето во градот Мисрата, каде се водат жестоки борби, рече денеска шефот на британската дипломатија Хејг на средбата со европските ресорни колеги во Луксембург.

Земјите членки на ЕУ на 1. април дадоа зелено светло за воен ангажман, кој исклучува борбена офанзива, меѓутоа предвидува евакуација на населението и создавање безбедносни коридори. Министрите за надворешни работи на денешната средба во Луксембург треба да ги поттикнат плановите. Конкретно треба да биде подготвена мисија за Мисрата. За тоа ќе бидат потребни 2.000 војници, се вели од кругови на унгарското претседателство. Конечна одлука денеска не се очекува. Имено за да бидат ангажирани европските борбени трупи во Либија неопходно е да биде упатена молба од канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните акции. Вакво барање засега не постои.

Велика Британија и Франција го критикуваа ангажманот на НАТО

Министерот за наворешни работи Вилијам Хејг

Министерот за наворешни работи Вилијам Хејг

Шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг смета дека НАТО би требало да го интензивира ангажманот, поради што неговата земја ставила на располагање дополнителни борбени авиони, меѓу другото и да бомбардираат цели на копно. Францускиот министер за надворешни работи Жипе се заложи за поголем ангажман од НАТО. Цел на нападите на Северноатланската алијанса треба да биде оружјето на трупите лојални на диктаторот Моамер Гадафи, кое се користи против цивилното население, во градот Мисрата, рече министерот за радиото Франс-инфо.

Претходно поранешниот либиски министер за надворешни работи Муса Куса, во првото јавно обраќање откако пребега во Велика Британија, предупреди од граѓанска војна во Либија. ОН во меѓувреме соопштија дека околу 500 припадници на малцинството на берберите пребегале во Тунис поради зголемиот притисок на трупите на Гадафи во градовите на западот на земјата. Бегалците информирале дека во земјата недостасуваат лекарства и прехранбени производи, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН во Женева.

Автор: АТ/ ГЧ/ КБ/ дпад

Редактор: Трајче Тосев