1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Министрите не успеаја да ги дорасчистат сите проблеми

Шефовите на држави или на влади на самитна ЕУ в четврток и петок во Лисабон треба да го усвојат реформскиот договор, замена за планираниот устав на Унијата. Нивната средба нема да биде само визирање на подготвен текст

default

Франк Валтер Штајнмаер

На министрите на подготвителниот состанок во Брисел не им успеа да направат пробив во спорните прашања, па шефовите на држави или на влади ќе треба да се погрижат за тоа. Сепак, во изјавите на учесниците на министерскиот собир преовладуваше оптимизам. “Се надевам дека преостанатите денови до четврток ќе бидат доволни за на првиот ден на самитот да има дискусија, а на вториот резултат, што би ми дозволил да кажам: напорите се исплатеа, направивме пробив” – рече германскиот министер Франк Валлтер Штајнмаер.

Иако не е решен спорот околу барањето на Полска за таканаречената “клаузула од Јанина”, што би овозможила малцинство во Унијата да блокира решение на мнозинството, и Ана Фотига, шеф на полската дипломатија, беше уверена дека ќе се најде решение. Полска сака клаузулата да биде дел од договорот - со тоа и обврзувачка.

Претставникот на Европскиот парламент на министерската седница Елмар Брок нагласи: “Не смее да влезат нови блокирачки клаузули. Решавачки пункт е заедницата од 27 земји да може ефикасно да дејствува. Поради тоа во договорот не смее да има нови видови на можности за вето”. Правниците изнајдоа како можност протоколарна забелешка со важност до 2014-та или 2016-та година.

Штајнмаер има разбирање за страхувањата на Италија дека со намалувањето на вкупниот број на пратеници во Европскиот парламент од 785 на 750 би и’ бил значително намалемн бројот на нејзини пратеници. “Мислам дека приговорите мораме да ги сфатиме многу сериозно. Со предложената распределба на местата тие се чувствуваат несоодветно застапени во Европскиот парламент”. Во секој случај, и италијанската делегација изрази уверување дека спорот може да се реши и по самитот во Лисабон, оти новиот договор за основите на Унијата треба да биде потпишан дури во декември.

Бернд Ригерт