1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Министрите на Карзаи „паднаа“

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи претрпе тежок пораз во парламентот. Пратениците не го прифатија мнозинството од министрите во новата влада, предложена од Карзаи. Опозицијата вели: „јасно изгласана недоверба“.

default

Златните времиња на Карзаи се чини минаа

Авгнистанските пратеници изгласаа само седум од 24 предложени кандидати за министри во новата влада, соопшти претседателот на парламентот, Мохамед Јунус Канони во Кабул. Во секој случај, меѓу седумте изгласани министри се оние најважните - за внатрешни работи и одбрана. Со ваквиот развој на настаните, во Авганистан продолжува политичкиот вакуум. Карзаи сега ќе треба да предложи нови кандидати.

Afghanistan Parlament

Авганистанскиот парламент даде зелено светло за само седум кандидати на Карзаи

Меѓу другите кои не добија поддршка, беше и воениот херој Исмаил Кан, кого Карзаи сакаше да го стави на чело на министерството за енергија и водостопанство. Самото негово номинирање за министер многумина набљудувачи го гледаа како еден вид награда за поддршката што му ја даде на претседателот Карзаи за време на предизборната кампања. Изненади и фактот што ниту единствената жена меѓу предложените министри не ја доби довербата на парламентот. На Хусн Бану Гасанфар, која досега беше министерка надлежна за женски прашања, и` недостасуваа само два гласови за да ја задржи фотелјата. Како што истакна претседателот на авганистанскиот парламент, доколку еден кандидат за министер не освои мнозинство при првото гласање, нема право да биде кандидиран по вторпат.

Чиста недоверба?

Лидерот на опозицијата во Авганистан, Абдула Абдула, го толкуваше вчерашното гласање во парламентот како „чиста недоверба“ за владата на Карзаи. „Сметам дека ова беше јасно изгласана недоверба, преку 2.900 гласови ’против’ значат многу.“

Освен тоа, поранешниот претседателски кандидат Абдула истакна дека неизгласувањето на владата не е единствениот проблем во Авганистан: „Во земјата имаме криза, проблемот не е само ова. Управување, политика, безбедност, сето тоа е катастрофа предизвикана од еден

Abdullah Abdullah

Поранешниот претседателски кандидат Абдула Абдула оценува: во земјата има криза

човек и без двоумење, неизгласувањето на кандидатите за министри е само уште еден од многуте проблеми, што веќе ги имаме.“

Меѓу седумте министри што ја освоија поддршката на авганистанскиот парламент се и министрите за внатрешни работи и одбрана, Мохамед Ханиф Атмар и Абдул Рахим Вардак, кои ја уживаат и поддршката од меѓународната заедница. Гласањето имаше позитивен исход и за кандидатите за министри во ресорите финансии, образование, култура, економија и индустрија.

Претседателот Хамид Карзаи пред четири месеци го освои вториот претседателски мандат, во избори кои беа проследени од обвинувања за фалсификат. Во ноември и официјално ја положи заклетвата, по што му беа неопходни месеципол да ја состави новата влада. Карзаи беше под голем притисок на меѓународната јавност, која инсистираше на тоа предложените министри да важат за што е можно помалку корумпирани. Странските дипломати беа главно задоволни од листата на министри на Карзаи, во која бројот на воени херои беше ограничен. „Ова е кабинет со кој би можеле да работиме“ истакна анонимен висок дипломат. Сега останува да се види дали ова ќе важи и за втората листа што Карзаи треба да ја состави во што е можно покус рок.

Автор: ТТ/ЕМФ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска