1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Министрите на ЕУ за итни мерки за запирање на лажните азиланти

Советот на министри на ЕУ вчера се заложи Европскиот парламент што побрзо да ја усвои т.н. „заштитна клаузула“, механизам со кој привремено може да се суспендира визната либерализација за граѓаните од Западен Балкан.

default

Воведување на заштита клаузула што би овозможила лесна суспензија на безвизниот режим за земјите од Западен Балкан е една од можностите со кои Европската унија би се обидела да го запре бранот лажни азиланти.

Ваквиот предлог, кој за да стапи на сила треба да биде одобрен од Европскиот парламент, според тврдењето на шведскиот министер за миграција и азил Тобиас Билстром, наишол на поддршка меѓу министрите за внатрешни работи и правда, кои вчера (25.10.2012) се сретнаа во Луксембург.

„Не‘ охрабрува големата поткрепа за воведување на заштитната клаузула“, изјави Билстром по одржувањето на состанокот инициран од Шведска, Германија, Франција, Белгија, Холандија и Луксембрург поради напливот на лажни азиланти, главно од Србија и Македонија.

Ако дојде до договор меѓу Советот и Европскиот парламент, секоја држава-членка ќе може при вонредна ситуација да се повика на заштитната клаузула за суспензија на безвизниот режим.

EU-Innenministerrat

Сесилија Малмстром

Потоа, Комисијата би го оценувала тоа барање и би формулирала предлог што земјите-членки треба да го прифатат со квалификувано мнозинство.

Советот побара од ЕК и членките на ЕУ да им помогнат на државите од Западен Балкан во спречувањето на злоупотребата на патувањето без виза.

Европската комесарка за внатрешни работи Сеселија Малмстром истакна дека бројот на лажни азиланти лани пораснал за 75 проценти и таа тенденција мора да запре. „Само микроскипски дел од барателите добиваат азил“, истакна таа. Претставници на ЕУ идната недела на оваа тема ќе разговараат во Тирана со министри од земјите од Западен Балкан.