1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Министрите за финансии на Г8 во Москва

Министрите за финасии на Г8 остварија прва средства за време на руското претседателство, за да го подготват самитот на групата на седумте најразвиени индустриски земји и Русија во јули. Главна тема на советувањето во Москва беа обезбедување на светското снабдување со енергија и отпишување на долговите на најсиромашните земји во светот. На маргините на конференцијата тема за дискусија беше и целосно член

default

�тво на Русија во кругот на Г8.

За германскиот министер за финасии Пеер Штајнбрик ситуацијата е јасна

„Имаме интерес, важен партнер, стратешки толку важен партнер - од германски аспект - како Русија да биде постојан член во кругот на Г8.“

За Американците и Јапонците сепак не е сосема јасно. Од дипломатски кругови во Москва се вели, дека Русија и во годината кога го има претседавањето нема да стане постојана члленка.

Домаќинот Алексеј Кудрин претходно објави дека Русија за да ја подвлече нејзината меѓународна улога и економска моќ е подготвена да отплати долгови во висина од 12 милијарди долари.

„Предвремената исплата на долговите на Русија спрема Парискиот Клуб би можела да биде дополнителен извор, за да се реализира отпишувањето на долговите во однос на меѓународните организации. Русија е подготвена да носи дополнителен товар и да придонесе за полнење на капиталот.“

И покрај тоа што Русија би ги отпишала долговите на најсиромашните земји во висина од 570 милиони долари, предлогот наиде на отпор во кругот на Г8.

„Повеќето од Г7 – Г8 земјите тоа го гледаат како нешто, што нема поврзаност. Тоа значи од една страна, да се биде отворен за руските интереси, во рамките на Парискиот Клуб да се исплатат долговите, но од друга страна не сакаат тоа да го поврзат со прашањето како да се стори тоа.“

Нациите, пред се во тоа го гледаат стеснет својот сопствен простор за игра. Но и билатерлното отплаќање на руските долгови кон Германија, всушност подарок за секој министер за финансии на една презадолжена нација не е добредојдено.

„Не сме заинтересирани за пре димензионирано предвремено отплаќање.“

Причина: Каматите кои ги плаќа Русија, Германија ги користи за да отплаќа други кредити.

Од страна на министрите имаше и пофалба за Русија: имено земјата прави голем напредок во борбата со перењето пари, отежување на финасирањето на меѓународниот тероризам како и соработка во рамките на меѓународната енергетска повелба.