1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Министрите за финансии на Г-20 го подготвуваат Самитот во април

На три недели пред одржувањето на Светскиот финансиски самит на 20 водечки индустриски и земји во развој, во близина на Лондон се состануваат министрите за финансии на земјите што ќе учествуваат на Самитот.

default

Во близина на Лондон се одржува средбата на министрите за финасии на Г-20

Централна тема на дневниот ред на состанокот на министрите за финансии е изработка на акционен план за подобро регулирање на финансиските пазари. Министрите треба да предложат, кои дополнителни мерки да ги преземат државите за надминување на светската економска криза.

Се очекува на средбата да се дискутира и за апелот на САД, државите да стават на располагање дополнителни финансиски средства за заживување на конјуктурата. Политичари од Европската унија на почетокот на неделава го одбија овој предлог на САД. Тие јасно укажаа дека централна тема на денешнава средба како и на Самитот на почетокот на април треба да биде регулирањето и контрола на финансиските пазари.

Претседателот на Светската банка Роберт Золик, исто така се изјасни против нови конјуктурни програми на Г-20 државите. Такви програми воопшто не можат да и помогнат на светската економија, ако не се стабилизираат банките, рече Золик.

Treffen der G20 Finanzminister in Großbritannien

Британскиот министер за финасии Алистер Дарлинг и неговиот американски колега Тимоти Гејтнер

Американската влада во меѓувреме почна да ги омекнува ставовите. Советникот на претседателот Лоренс Самер, во Вашингтон рече дека САД мора ги предводат напорите за регулирање на финансиските пазари. Националните надзорни одбори не смеат да работат едни против други, туку заедно. Тој најави дека американскиот министер за финасии Тимоти Гејтнер наскоро ќе објави планови за реформа на надзорните органи. За решение потоа би требало да се расправа на Самитот во април.

Британскиот министер оптимист

Домаќинот на денешната средба на министрите за финансии на Г-20 државите, британскиот министер за финансии Алистер Дарлинг, на отоврањето изрази оптимизам дека државите ќе постигнат напредок, но, сепак кратко пред почетокот на состанокот предупреди од преголеми очекувања „Кога 20 луѓе ќе седнат на иста маса, безибежно е да има различни мислења“, рече Дарлинг. Набљудувачите исто така очекуваат тешки преговори, затоа што меѓу другото САД, Европа и Кина поставуваат различни тежишта во борбата против светската економска криза. Згора на тоа и владите на ЕУ во изминативе месеци немаа единствен став околу мерките против финансиската криза.

Во очи денешната средба на министрите веќе е постигнат напредок по некои точки во правец на изнаоѓање заедничките позиции и предлози. Се очекува министрите за финансии на Г-20 да се заложат за удвојување на средствата за Меѓународниот монетарен фонд. Со овие пари би требало да им се помогне на земјите во развој кои се соочуваат со големи проблеми поради економската криза. Добра вест за министерската средба и Г-20 Самитот е одлуката на Швајцарија, Австрија и Луксембург за поголема соработка во случаите со даночни затајувања.