1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Министрите за екологија на Г8 во Потсдам

Во Потсдам Германија се одржува состанок на министрите за екологија на земјите на Г8 кои расправаат околу начините за справување со климатските промени . На средбата се поканети и нивните колеги од Кина, Индија, Бразил, Мексико и Јужна Африка. Германскиот министер Зигмар Габриел, домаќин на средбата, се залага за засилена меѓународна соработка за намалување на емисиите на гасови кои се штетни за климата.