1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Министерски форум ЕУ-Западен Балкан

Во Охрид денеска и утре се одржува Министерски форум за правда и внатрешни работи ЕУ - Западен Балкан. Според агендата, денеска ќе се разговара за теми од областа на внатрешните работи.

default

Планирано е да се одржат работни сесии посветени на визната либерализација, миграциските прашања, управувањето на границите и унапредувањето на соработката со ФРОНТЕКС, борбата против организираниот криминал и соработката со ЕВРОПОЛ, како и борбата против корупцијата.

Утрешниот ден ќе биде посветен на теми од областа на правдата како што се независноста на судството и обвинителството, правната соработка во кривични и граѓански спорови, како и унапредувањето на соработката со ЕВРОЏАСТ. Форумот ќе заврши со презентација на приоритетите во областа на внатрешните работи и на правда за време на престојното данско и кипарско претседавање со ЕУ.

Во текот на форумот, македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска треба да има средба со еврокомесарот Сеселија Малстром и со директорот на Европол, Роберт Веинрајт. Министерката Јанкулоска ќе се сретне и со министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ со кого треба да ја потпише Спогодбата за условите за патување на државјаните на двете земји.

Автор: ЕМФ/ БГ/ миа

Редактор: Александра Трајковска