1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Министерска средба во Брисел

Денеска во Брисел ќе се сретнат министрите за надворешни рабти на ЕУ. Долгорочниот проблем "европскиот устав" и овојпат ќе биде тема на средбата. Покрај оваа тема, на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се разговара и за состојбата во Иран по парламентарните избори, за иницијативата за економска политика на Германија, Франција и Велика Британија, а меѓу централните теми ќе се најде и проблемот со Русија.

Спорд ЕУ времето притиска, а Русија се'уште се коцка. Русија склучи догоговро за кооперација со ЕУ во 1997 година, кој сега треба да важи и за источно европските држави, кои на 1 мај ќе пристапат кон Унијата како и за Кипар и Малта. За ЕУ ова е чисто техничка, автоматска постапка. Но Москва на потпишувањто на соодветниот протокол постави услови. Русија очекува надомест на штетите за загубите во трговијата, кои наводно ќе настанат со влегувањето на Балтичките држави и Полска во ЕУ. Министрите за надворешни работи на ЕУ го одбибваат ова. Од дипломатски извори во Брисел се слуша дека ЕУ на Русија ќе и понуди план за преговори околу спорните прашања. Во овој каталог би мжеле да се појават и проблемирте со рускотото малцинство во Естонија и Летонија, на ова прашање пак балтичките држави гледааат со скепса.

ЕУ одбива и водење на какви било билатерани разговори затоа што трговките односи се компетенција на Брисел а не на поеднинечните членки на Унијата. Но и Европската Унија најави потреба за водење разговори со Москва, заради темите како Кјотот - протоколот, што Русија го нема ратифицирано. Се ' на се Комисијата на ЕУ во најновиот извештај констатира дека односите со Русиоја се заладени. Рускиот министер за надворешни работи Игор Иваниов се надева дека по велегувањето на Полска, Унгарија и балтичките држави во ЕУ ќе се подобрат односите. Дипломатите во Брисел пак се надеваат дека ситуацијата ќе се подобри по најверојатниот повотрен избор на Путин.