1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Министерот Попоски ќе се сретне со колегата Либерман

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски престојува во официјална посета на Израел, за време на која ќе биде примен и од израелскиот претседател Шимон Перес.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски кој од вчера престојува во официјална посета на Израел, денеска ќе се сретне со неговиот колега, министерот за надворешни работи на Израел, Авигдор Либерман, а ќе биде примен и од претседателот на Израел, Шимон Перес. Предвидена е и средба со лидерот на опозицијата, Шаул Мофаз, претседавач на партијата „Кадима“. Во рамки на посетата, шефот на македонската дипломатија во Стопанската комора на Тел Авив ќе се сретне со израелската бизнис-заедница, а ќе има и излагање во реномираниот Труман институт во Ерусалим.

За време на посетата ќе бидат разменети мислења околу можностите за унапредување на севкупните односи меѓу Македонија и Израел, со посебен акцент на зајакнување на соработката во полето на економијата, трговската размена, туризмот, размената на искуства во областа на земјоделството, науката и технологијата, како и во привлекувањето израелски инвестиции во Македонија“, соопшти македонското министерство за надворешни работи.