1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Министерката за образование се брани од обвинувањата за плагијат на нејзиниот докторат

Германската министерка за образование Анете Шаван има намера енергично да се бори против обвинувањата за плагијат во нејзиниот докторски труд. Таа оценува дека од обвинувањата нема „да простане ништо“.

Министерката за образование Анете Шаван во повеќе интервјуа одлучно ги отфрли обвинувањaта за плагијат на нејзиниот докторат: „Во ниеден момент при работењето на мојата дисертација не се обидов да измамам. Во оној момент кога ќе се отвори можност во Комисијата за проверка на докторати, ќе заземам став по обвинувањата“, рече Шаван за весникот„Рајнише пост“ од Диселдорф.

Во весникот „Зидвест пресе“ од Улм министерката нагласи, дека во докторскиот труд изработен во 1980 година „свесно погрешно не навела ниту еден извор“. Иако по повеќе од 30 години „се’ разбира неможе точно да се сети на поединостите“.  Министерката изрази уверување дека од обвинувањата „нема да преостане ништо“. 

Денес 57-годишната политичарка од редовите на Христијанско-демократската унија на канцеларката Меркел напиша воспитно -научна дисертација на тема „Личности и совест“.

Весникот „Зидојче цајтуг“ и магазинот „Шпигел“ информираа дека според рецезентот на универзитетот во Диселдорф, Шаван свесно измамила во нејзиниот докторски труд. Според него препознатлива била „карактеристична слика на начин на постапување кај плагијати“. Рецезентот пронашол недостатоци на 60 од 351 страница.

Универзитетот „Хајнрих Хајне“ во Диселдорф во мај годинава иницираше проверка на докторската дисертација на министерката Анете Шаван, откако на интернет беа подигнати обвинувања за плагијат против политичарката. За можното одземање на докторската титула треба да одлучи Советот на Филозофскиот факултет на универзитетот во Диселдорф врз основа на препораката на Комисијата за проверка на докторати, која според информации во „Шпигел“ треба да заседава оваа среда.

Во аферата со екс министерот за одбрана Карл Теодор цу Гутенберг, кој поднесе оставка на функцијата поради плагијат на неговата докторска дисертација, кој на почетокот го негираше, Шаван беше една од најжестоките критичари на политичарот од редовите на ЦСУ. Таа „се срами“ за Гутенберг и неговото погрешно однесување, изјави тогаш Шаван.