1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Минимален резултат на Самитот за климата

На конференцијата на ОН за климата делегациите на околу 200 земји во Варшава за малку избегнаа целосен неуспех. Постигната е спогодба за придонесот во борбата против глобалното затоплување.

Конференцијата на ОН за климата требаше во Варшава да заврши уште во петокот попладнето. Но, на претставниците на 194 држави им требаше ден подолго за да се усогласат околу завршниот докимент. Спогодбата за придонесот на земјите во борбата против глобалното затоплување и помошта за земјите од Јужната хемисфера беше постигната вчера попладне (23.11.2013) по маратонските преговори. Со спогодбата се поставува темелот за спогодбата за ограничување на глобалното затоплување до два степена Целзиусови во Париз во 2015 година.

Околу 200 делегации на преговорите во Варшава успеаја да постигнат консензус меѓу богатите и сиромашните држави за распределба на напорите во борбата против глобалното затоплување. Единствената конкретна мерка, што беше донесена до вчера, беше спогодбата за нови правила во заштитата на тропските шуми, кои го апсобираат јаглерод диоксидот со растот на дрвата. Преговарачите на крајот се согласија дека сите земји треба да дејствуваат за намалување на емисијата на штетни гасови, прикажувајќи го својот „придонес“.

Првично употребениот термин беше „ангажмани“, но со него не се согласуваа големите земји со брзо развивачки економии, како Кина и Индија. Според последниот климатски договор, Протоколот од Кјото, само најразвиените земји требаше да ги ограничат своите емисии на штетни гасови - на што се противеа САД, инсистирајќи и земјите како Кина и Индија да бидат задолжени да го сторат истото.

Шефовите на делегациите го договорија компромисниот текст по повеќе од еден час неофицијални разговори. Во него се предлага државите писмено да го прикажат својот „придонес“ во борбата со климатските промени, а текстовите ќе бидат вметнати во спогодбата за прашањето за намалување на емисијата на штетни гасови. Таа се очекува да биде донесена во Париз во 2015. година и да влезе во сила од 2020. година.