1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Мимоза или голема светска сила?

Во втората половина на 19 век, по загубените војни Кина се почесто потклекнуваше и на западот му пружи вонредни права и сфери на влијание. До денеска сериозно се сфаќа времето кога западот вршеше влијание врз Кина.

default

Тибетските монаси протестираат

Кога демонстрантите во Франција го попречуваа патот на олимпискиот оган и на тој начин протстираа против кинеската политика кон Тибет, младите во Кина реагираа со негодување. На интернет студентите бараа бојкот на француските производи. Многумина тогаш се прашуваа дали станува збор за повредена национална гордост или неспособност на Кина да разликува меѓу критика за одредени околности и паушални одбивања.

Критиката не е пожелна

Од официјалните медиуми, Кинезите се навикнати да добиваат само информации за успешни проекти: „Кина е безбедна“, „Економијата бележи пораст“, „ вредностите на воздухот во Пекинг се изворедни“ или пак „ престојат најдобрите олимписки игри на сите времиња“ Оттука заклучокот што читателите на весниците деновиве би можеле да го изведат би гласел: Критиката, па и меѓу редови, се смета за непожелна, особено ако доаѓа од странци.

Ова е наследство на историјата, смета историчарот од Шангај Жу Ксенкин „По 1949 година Mao почна да ги истиснува од земјата сите странци. Владата беше убедена дека сите странци се непријатели и имаат само една цел: да не уништат. Постојано се претпоставуваа завери од западот. По смртта на Мао, Денг Ксијаопинг воведе политика на реформи. Кина се отвори кон странските пазари, технологии и посебно ивестиции - но не и кон вредностите на западот. Иако односите со западот по времињата на Мао многу се променија, недовербата кон западот остана. Критиката која сега доаѓа од страна на западот се концентрира на прашањата за човековите права: Тибет, цензурата, односот кон новинарите. Од агол на владата станува збор само за тоа Кина да се потисне со помош на западни средства.“

Зошто Кина постојано сака да биде прва?

Затоа владата, кога и да слушне критика од западот се навредува и мисли дека странците сеуште сакаат да ја уништат Кина. Кратко пред отварањето на Олимписките игри помалку се смири возбудата околу критиката на западотот.

Ако се праша пак на улиците на Шангај, зошто Кина постојано сака да биде број 1, не мора долго да се чека на одговорот. „Токму поради тоа што долго време многу работи не можевме да ги правиме. Сиромашен човек сака да стане богат. Момче кое игра кошарка во САД сонува да биде НБА ѕвезда. Само оној кој има такви сонови може нешто да постигне.“ - „Сакам, странците по Олимписките игри конечно да разберат дека Кина е силна земја, земја која е исто толку добра колку и другите.“

Потребата за пофалба е знак за недостаток на самодоверба

За странците пак е помалку чудно, кога нивните кинески домаќини или новинарите ги прашуваат што им се допаѓа најмногу или како ќе го опишат развојот на Пекинг. Во вакви ситуации се кажуваат само пофални зборови, признание за огромните достигнувања на Кина од последните децении.

Оваа зависност за историчарот Жу Ксенкин е знак и за недостаток на самодоверба „Кога некој има самодоверба, тогаш со пофалбата знае да се носи исто како и со критиката. Нема да ги затвори ушите и да биде во постојана потрага по комплименти. Ќе размислува каква е поврзаноста меѓу она што го прави и како сето тоа е оценето од надвор. Но кога некој не е толку самоуверен, тогаш постојано ќе препрашува што мислат другите за него, дали луѓето зборуваат добро или лошо за него. Кај владите е истиот случај. Ако една влада сака луѓето да и кажуваат денеска е добро, утре е добро, а задутре уште подобро тогаш тоа не е добар знак туку доказ за недостаток на самодоверба.“ вели историчарот Ксенкин