1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Милошоски: Одлуката од Хаг треба да ја почитуваат и Скопје и Атина

Надлежноста на Меѓународниот суд на правдата за тужбата на Македонија против Грција е неспорна, изјави шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски, коментирајќи ја усната расправа што се води во судот во Хаг.

default

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски

Воочи утрешното конечно излагање на контрааргументите на Грција во тужќбата што против неа ја покрена Македонија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски во Скопје порача дека очекува одлуката да биде почитувана од двете земји, кои веќе ја признале надлежноста на судот во однос на предметот.

„Нашата позиција и аргументи се многу јасни – овој случај е документиран, овој случај е меѓународно-правен и овој случај се заснова на времената спогодба во којашто изрично е наведено дека кое било прашање, толкување или спор кој може да се појави на билатерална основа, освен политичкиот македонско-грчки спор, е во надлежност на Меѓународниот суд на правдата и токму затоа бевме упатени меѓународно-правно да се обратиме пред ова институција на Обединетите Нации.

Der mazedonische Außenminister bei der Anhörung zum Namensstreit zwischen Mazedonien und Griechenland

Милошоски во Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Цениме дека надлежноста на овој суд е неспорна и дека пресудата која што очекуваме да се случи до крајот на есента би требало да биде почитувана од двете страни како одговорни земји-членки на Обединетите Нации, кои што во меѓувреме и претходно ја признале надлежноста на судот“, изјави Милошоски.

Солидна постапка

Шефот на дипломатијата оцени дека настапот на македонскиот тим пред судот бил издржан и заснован на реални аргументи и случувања.

„Постапката пред Меѓународниот суд на правдата ја цениме за солидна. Беше навистина и задоволство и обврска да ги претставиме нашите аргументи. Сметам дека пристапот кој што македонскиот правен и адвокатски тим го има кон овој

случај беше издржан, заснован на фактографија, на реални случувања и аргументи. Она што очекуваме од Меѓународниот суд на правдата е да биде потврдена правдата, односно во овој случај да нема поразени и победени странки, туку победник да биде меѓународната норма и меѓународното право кое што се однесува на времената спогодба. Тоа цениме дека ќе придонесе за

понатамошно одржување на еден продуктивен баланс и рамнотежа на односите меѓу Македонија и Грција. Истовремено, она што како политичари сме должни да го правиме, ќе продолжиме да го правиме инвестирајќи во еден конструктивен развој на македонско-грчкиот дијалог“, изјави Милошоски.

Министерот беше дециден дека процесот пред судот нема да влијае врз политичките разговори околу спорот со името.

Автор:СН/БГ/макфакс/дв

Редактор: Симе Недевски

DW.COM