1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Милошоски на средба со Драшковиќ во Белград

Меѓу Македонија и Србија не постојат отворени проблеми, постојат мали прашања кои лесно може да се надминат со политичка волја е заклучокот од средбата на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и неговиот српски колега Вук Драшковиќ, денеска во Белград.

Вук Драшковиќ домаќин на Антонио Милошоски

Вук Драшковиќ домаќин на Антонио Милошоски

На средбата на министерско ниво денеска во Белград се разговараше за отворени прашање меѓу Македонија и Србија, како што е порблемот меѓу црквите, косовоското прашање, но и за преземање заеднички иницијативи за користење за фондови наменети на коридорот 10.

Двете православни цркави, според македонскиот министер за надворешни работи Милошоски се одвоени од државата но во секој случај нерешниот проблем, влијае и на јавното мислење во Македонија и Србија. Милошоски на средбата со неговиот српски колега Драшковиќ истакна и дека од политичка страна се охрабруваат црквите брзо да ги надминат разликите и да најдат решение.

Во однос на прашањето за Косово, српскиот министер за надворешни работи Драшковиќ смета дека е голем проблем, кој на некој начин има врска и со односите меѓу Србија и Македонија. Косово во овој момент е во состаав на државата Србија и немаме ништо против да се почитува волјата на народот на Косово, но бараме да се почитува и волјата на народот во Србија и меѓу нив да се најде компромисно решение кое никого нема да повреди но и по цена никој да не се чувствува како победник, рече Драшковиќ.

Милошоски од своја страна истакна дека Македонија не е директно вклучена во однос на прашањето за Косово и неговото разрешување, но како непосреден сосед има интерес ова прашање да се реши на најдобар можен начин, што ќе придонесе за стабилноста во регионот.

Двајцата министри иразија и согласност нивните министерства да подготват нацрт текст за мало граничен промет на граѓаните од пограничните региони, што ќе овозможи нивна полесна комуникација.

На средбата станало збор и за зголемување на активностите за користење на фондовите кои стојат на располагање за обнова на коридорот 10, кој е од значење за економскиот и туристичкио развој.

За македонско грчките односи македонскиот министер потенцираше дека тие се одлични особено во економскиот дел, бидејќи Грција е најголемиот странски инвеститор во Македонија. Отоворено е прашањето околу името за што се разговара во рамките на ОН и секој со својата конструктивност се труди да придонесе за разумно решение.