1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Милошоски на сесија на Парламентарното собрание на НАТО

*

Македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, пред Политичкиот комитет на НАТО ќе има излагање за безбедноста во ЈИЕ. Милошоски присуствува на есенската сесија на Парламентарното собрание на алијансата во Рејкјавик, на која треба да биде усвоена резолуција за поддршка за зачленувањето во НАТО на трите јадрански аспиранти – Македонија, Хрватска и Албанија. Координаторот за зачленување на Македонија во НАТО, Никола Димитров, во интервју за Дојче Веле изјави дека Македонија има добри шанси за влез во алијансата наредната година, но дека поканата треба да се заработи.