1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Милошоски: Македонија направила доволно отстапки, Грција е на потег.

Македонија направила доволно отстапки околу решавање на проблемот со името и сега Грција треба да одговори конструктивно, гласи реакцијата на македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски на вчерашната изјава на грчкиот премиер Караманлис дека Скопје треба да се откаже од својата непопустливост и да биде поконструктивно околу прашањето за името. Милошоски денеска изјави и дека колку помалку прашањето за името во Грција се употребува за внатрешно политички цели толку поголем е просторот за изнаоѓање решение. И покрај заканите од Атина за блокада на интеграција на Македонија во НАТО, Милошоски сепак очекува поддршка од земјите членки на Алијансата.