1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Милошоски кај колегите се заложи за примена на пресудата од Хаг

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на македонското собрание испрати писма до своите колеги, претседатели на комисиите за надворешни работи на членките на ЕУ со апел за старт на пристапните преговори.

default

Европскиот совет да ја следи препораката на Европската комисија и да донесе одлука за старт на пристапните преговори со Македонија во текот на 2012. година.
Ова е барањето што пратеникот Антонио Милошоски, претседател на собраниската комисија за надворешна политика преку писмо го упати до претседатели на комисиите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.
Во него Милошоски информира и за неодамна одржаниот 10-ти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија – ЕУ, на кој, меѓу другото, беше поздравена одлуката на Меѓународниот суд на правдата од Хаг по однос на
тужбата на Македонија против Грција, со констатацијата дека истата претставува обврска за Грција да не го попречува членството на земјата во НАТО и почетокот на преговорите за членство во ЕУ.
„Почитувањето на пресудата на МСП од страна на Грција, најпрво е важна заради владеењето на правото како темелен принцип во ЕУ, а секоја членка на ЕУ треба да биде пример за тоа. Второ, примената на пресудата ќе му овозможи на ЕУ-Советот да ја следи препорака на Европската комисија и да донесе одлука за отворање на преговорите за членство со Македонија, во текот на 2012 година. Конечно, уверен сум дека почитувањето на пресудата на МСП и отворањето на преговорите за членство ќе дадат значителен придонес во
македонско- грчкиот дијалог за изнаоѓање на компромисно решение околу спорот за името“, вели Милошоски во писмото до своите колеги од европските парламенти.