1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Милошоски - Грција

Потегот на владата во Атина која го отфрли протестот на Скопје за антимакедонските скандирања на грчки војници за време на воена вежба во 2005 година, покажува дека Грција не е подготвена да разговара за теми чувствителни за тамошната јавност, изјави министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски. Шефот на макеоднската дипломатија не сака да ги коментира контраобвинувањата од грчка страна дека протестот на македонското МНР е барање безначајни изговори во услови кога се бара решение на проблемот за уставното име на земјата. Македонскиот државен врв на последната средба во Скопје го потврди ставот дека останува на ставот за зачувување на уставното име на земјата.