1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Милошоски во Шпанија

*

Министерот за надворешни работи на Македонија Антонио Милошоски е во дводневна посета на Шпанија. На средбите со претседателот на Сенатот на Шпанија Франсиско Хавиер Гарсија и неговиот ресорен колега шпанскиот шеф на дипломатијата Мигел Моратинос се очекува да стане збор за поддршка за членство на Македонија во НАТО и добивање датум на Македонија за преговори за членство во ЕУ. На средбите ќе се разменат и мислења околу состојбите во регионот во контекст на преговорите за идниот статус на Косово.