1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Милошоски во Рејкјавик

*

Безбедноста во регионот на Балканот ќе биде една од темите на годинешното заседание на Парламентарното собрание на НАТО, што почнува денеска во Рејкјавик. На есенската сесија на Парламентарното собрание на НАТО што ќе трае до 9 октомври учествува и македонска делегација предводена од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Министерот Милошоски се очекува да има излагање пред политичкиот комитет посветен на безбедноста во Југоисточна Европа. За време на есенската сесија предвидено е Парламентарното собрание на НАТО да усвои и резолуција за поддршка за зачленувањето во Алијансата на трите аспиранти од т.н Јадранска група, Македонија, Хрватска и Албанија.