1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Милошоски во Норвешка

*

Членството на Македонија во НАТО било главна тема на разговорите во Норвешка на македонскиот министер за надворешни Антонио Милошоски. “Норвешка е принципиелен поддржувач на политиката на проширување на НАТО и земја којашто со задоволство би сакала да ја види Македонија како членка на Алијансата, изјави Милошоски по денешната средба во Осло со норвешкиот колега Јонас Гар Стор. На средбата било високо оценето учеството на Македонија во меѓународните мисии. Претходно Милошоски, на оваа тема разговарал и со норвешки парламентарци.