1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Милошоски бара поддршка од Друцас

Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, во писмо упатено до својот грчки колега Димитрис Друцас, побара поддршка за почеток на пристапни преговори на Македонија за членство во Европската унија.

default

Антонио Милошоски, министер за надворешни работи на РМ

„Република Грција како најстара земја-членка на Европската унија во нашиот регион и докажан пријател на политиката на проширување, преку Солунската Агенда, а денес и со иницијативата Агенда 2014/2018, може да го даде клучниот придонес во ревитализацијата на Европската интеграција на целиот регион“, се вели во писмото на министерот Милошоски. Понатаму се додава дека грчката поддршка за донесување на одлуката за почеток на пристапни преговори со Република Македонија ќе го даде неопходниот политички импулс за тоа.

Автор: АТ/БГ/миа

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска