1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Милошовски во Пекинг

*

Кина ќе продолжи со политиката на поддршка на македонските национални интереси и уставното име, изјави во Пекинг кинескиот министер за надворешни работи Жанг Џиечи на разговорите со македонскиот колега Антонио Милошовски. Шефот на македонската дипломатија по разговорите изјави дека соработката меѓу двете земји ќе се развива на повисоко ниво и го повтори ставот за поддршка на политика на една Кина.