1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Милијарди причини за страв од банкрот

Нервоза во САД во пресрет на крајниот рок-2 август, за постигнување компромис за регулирање на државниот долг. Претседателот Обама ги предупреди опозициските републиканци дека ќе ја сносат одговорноста за можниот банкрот

default

Барак Обама за време на синоќешното обраќање до нацијата

Американскиот Барак Обама оцени дека ставот на републиканците во расправата за лимитот за државното задолжување доведе до „опасна“ безизлезност, но уверен е дека е можен компромис со кој ќе се избегне ситуацијата по 2-ри август САД да не можат да ги исплатуваат своите долгови.

Во своето обраќање до американската нација од Белата куќа, претседателот Барак Обама во понеделникот навечер ги повика Американците да извршат притисок врз Конгресот во чиј Претставнички дом мнозинството го имаат опозициските републиканци, за да се постигне договор и да се прекине блокадата.

САД нема да можат да ги отплатуваат своите обврски и кредити доколку републиканците и демократите не постигнат договор. Двете страни имаат дијаметрално спротиставени ставови околу зголемувањето на законскиот лимит за задолжување на државата и избегнување на намалувањето на кредитниот рејтинг и неспособноста на САД да ги сервисираат своите долгови.

ММФ предупредува на „тежок шок“

Втори август е последниот рок за зголемување на досегашниот лимит за

BdT USA New York Schuldenuhr mit Extra Nul

Долгот на САД незапирливо расте

државното задолжување од 14.3 илјади милијарди долари, а водачите на републиканците и демократите не покажуваaт подготвеност за постигнување компромис. Соочени со нервозата на пазарите и загриженоста на меѓународните финансиски институции, Белата куќа, како и лидерите во Конгресот, порачуваат дека блокирање на исплатите не смее да дојде предвид.

Застојот во преговорите меѓу републиканците и демократите во САД ги силно ги потресе финансиските пазари и инвеститорите низ целиот свет, уривајќи ја вредноста на акциите и на доларот и поттикнувајќи го златото кон новиот рекорд од 1.620 долари за унца.

Меѓународниот монетарен фонд предупреди дека на САД им се заканува „тежок шок“ доколку Конгресот не реагира правовремено. ММФ предвидува дека американскиот долг би достигнал 99 проценти од БДП-то во 2011 година и 103 отсто од 2012 година.

Автор: БГ/макфакс/дв

Редактор: Симе Недевски