1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Милиони мали робови во домаќинствата

Тие перат, негуваат болни луѓе или мораат да се проституираат. На годинашниов ден против детската работа централна тема се судбините на момчињата и девојчињата, кои мораат да работат во домаќинствата.

ОН повикаа на засилена борба против детската работа во приватните домаќинства. Околу 10,5 милиони девојчиња и момчиња честопати мораат да работат во домаќинствата под робовски услови, соопшти Меѓународната организација за трудот (ИЛО) во Женева, по повод светскиот ден против детската работа. Децата во туѓи домаќинства биле ангажирани за секакви видови домашни работи, како и за чување на други деца или постари и болни луѓе. Многу од нив стануваат жртви на психичко, физичко или сексуално насилство. Повеќе од седум милиони од погодените деца се на возраст под 15 години.

Конвенцијата на Меѓународната организација на трудот, која треба да ги заштити овие деца, честопати не се применува, оти во многу земји работата на децата во домаќинствата не се смета за детска работа, смета директорката на ИЛО Констанце Томас. Оттука неопходна е „законска рамка за идентификација, превенција и укинување на детската работа во приватните домаќинства“, како и подобри статитстички податоци. ИЛО го воведе денот против детската работа во 2002 година, и оттогаш секоја година се одбележува на 12 јуни.

Во целиот свет, според проценките, 215 милиони деца работат, делумно во опасни и искористувачки услови.