1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Милиони документи за тајни зделки во даночните оази

Непознати извори на повеќе меѓународни медиуми им доставија податоци за бизнис пракси во т.н. даночни оази. Меѓу нив се појавуваат лица од преку 170 земји, меѓу нив и од Германија.

Анонимен извор стави на располагање податоци со 2,5 милиони документи, информираат весникот „Зидојче цајтунг“ и Норддојче рундфунк. Овие медиуми во Германија ги добија екслузивно контроверзните материјали. Имено новинари во преку 46 земји во светот добија пристап до податоците.

Податоците потврдуваат по кои тајни патишта може да се скрие голем имот во странство, за да се спаси од домашните даночни власти. Кон ова се вбројуваат т.н. фирми - поштенско сандаче и како криминалците можат да ги избиршат бизнис трагите.

Во документите, според извештаите, се наоѓале имиња на 130.000 лица од 170 земји меѓу нив олигарси, трговци со оружје и финансиски манипуланти. Податоците се од вкупно десет т.н даночни оази и потекнуваат од две фирми кои се специјализрани за формирање на офшор здруженија и се вбројуваат меѓу најголемите понудувачи во светот.

Исто така и стотици лица од Германија се наоѓаат на листите, меѓу нив и милионерот Гунтер Сакс, кој почина во 2011 година. Германско-швајцарскиот наследник на Сакс концернот според истражувањата на весникот „Зидојче цајтунг“, Норддојче рундфунк како и на швајцарскиот „Зонтагсцајтунг“ пред неговата смрт пренел имот во даночните оази и нецелосно го декларирал кај финансиските служби. Управителите со неговото наследство го негираат ова.