1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Милан со една нога во четвртфиналето

Италијанскиот првак му одржа фудбалска лекција на англиски Арсенал во првиот дуел од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите. Зенит тесно ја совлада Бенфика

Фудбалерите на Милан синоќа на „Сан Сиро“ постигнаа убедлива победа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите совладувајќи го Арсенал со 4:0. Со овој триумф „миланезите“ се на чекор од пласман во четвртфиналната фаза.

Стрелци на головите беа Кевин Принс Боатенг во 15.минута, Робињо во 38. и 49.минута, додека последниот гол од пенал го постигна Златан Ибрахимовиќ во 79.минута.

На вториот дуел одигран вчера Зенит ја победи Бенфика со 3:2 во натпревар со пресврти. Бенфика водеше со 1:0, а потоа Зенит израмнуваше двапати, а победата ја донесе Роман Широков во 88. минута.

На натпреварите одиграни во вторникот: Баер Леверкузен – Барселона 1:3 и Олимпик Лион – АПОЕЛ 1:0.

Следните вторник и среда играат: ЦСКА Москва – Реал Мадрид и Наполи – Челзи (вторник), Базел – Баерн и Олимпик Марсеј – Интер (среда).

Автор: БГ/миа

Редактор: Александра Трајковска