1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Милановиќ: Хрватска е мост кон Балканот

Од полноќ Хрватска е 28 земја членка на ЕУ. Премирот Милановиќ нагласи дека неговата земја е мост кон балканските држави, кои се обидуваат да ги исполнат критериумите на ЕУ. Во Хрватска пак пристапот наидува на скепса.

„Честито, Хрватска“, извика претседателот на Комисијата на ЕУ Жозе Мануел Барозо на англиски и хрватски јазик пред громогласната публика и говореше за „историска ноќ“. Хрватска напорно работеше и е добро подготвена на пристапот во ЕУ, подвлече Барозо.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ нагласи, дека својата земја ја гледа како мост кон соседите на западниот Балкан. „До нас е на земјите од регионот да им подадеме рака и да им помогнеме, колку што е можно поскоро да ги исполнат европските критериуми. Со овие земји и нации сме неразделиво порзани“, рече Милановиќ.

Меѓутоа, иако илјадници граѓани ја следеа богата програма од класика, хрватски фолклор, поп и рок музика и до полноќ славеа, еуфорија поради пристапот малку може да се почуствува на улиците на Загреб.

„Ќе видиме како ќе биде, очекуваме да биде подобро, во секој случај се надеваме“, вели една жена.

„Јас пред се' се надевам на работа, јас сум сега неврабтоен“, вели еден минувач. „Не е фер некои да имаат се', а други ништо. Се надевам дека нема да го извлечеме подебелиот крај во ЕУ, оти доволно страдавме, имавме војна и други лоши работи, би требало да се има повеќе разбирање за сиромашните“.

„Лошо е, катастрофа“, вели пак еден противник на пристапот во ЕУ. „ЕУ се' ќе ни земе и нема ништо да ни даде“.

„За мене не значи ништо конкретно“, смета пак една жена и речиси рамнодушно дополнува: „Можеби поедноставно да се патува и дека нема повеќе да се чувствуваме како граѓани од третиот свет“.

Сомнеж во напредокот

Иако мнозинството Хрвати сметаат, дека нивната земја разбирливо само по себе припаѓа кон Европа и дека членството во ЕУ е вистинскиот чекор, сепак истовремено со оглед на економската криза владее голема скепса дали пристапот во ЕУ ќе донесе конкретен напредок.

Од друга страна во другите земји на ЕУ се нагласува, дека Хрватска направила напредок во борбата против корупцијата, реформите во правосудството и стопанството, но има уште долг пат пред себе.

Помалку благодарна улага при прославата за пристапот имаше претставникот на германската влада, државниот секретар во Министерството за надворешни рабори Михаел Линк. Откажувањето на посетата на германската канцеларка Ангела Меркел предизвика негодувања. Со тоа што ниту германскиот министер за надворешни работи не дојде на прославата, туку претставник од третиот ред, во Загреб се толкува како јасна критика, или на целосната зрелост на Хрватска за пристап или на противењето, да и' се испорача на Германија поранешниот шеф на тајните служби, Јосип Перковиќ.

И двете толкувања не се точни, Меркел имаше проблеми со термините, изјави државниот секретар Линк во интервју за првата програма на гермаснката телевизија (АРД). „Се радуваме што Хрватска е 28 земја членка. И тоа не е реторика, туку Хрватска најверојатно го имаше најтешкиот подготвителен процес од сите членки - и затоа се радуваме, што Хрватска е сега во Унијата“.