1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Милановиќ: Ако може Србија да преговaрa со ЕУ, може и Албанија

Хрватскиот премиер Милановиќ оценил дека не е правилно тоа што Белград ги започнува преговорите за пристапување во ЕУ, а Тирана сѐ уште не, и ветил дека Хрватска ќе ѝ помогне на Албанија во овој процес.

„Нашиот став е дека Албанија треба, по примерот на другите држави од регионот, да ги започне преговорите за членство што поскоро, и тоа е нашата позиција и во европските институции“, изјави хрватскиот премиер Зоран Милановиќ по средбата со албанскиот премиер Еди Рама во Тирана, потсетувајќи дека Хрватска има само еден глас во ЕУ. „Но тој глас ќе се слушне. Умерено и разумно, сепак ќе се слушне“, изјавил Милановиќ во по средбата со Рама.

Албанија се надевала дека во декември 2013 година ќе започне преговорите, но бидејќи тоа не се случи, верува дека тоа ќе се случи во јуни годинава.

„Нашата поддршка за почетокот на преговорите со Албанија е искрено, како што беше и кон Србија. Не сметам дека е правилно тоа што Србија ги започне преговорите, а Албанија не ги започне“, рекол Милановиќ, додавајќи дека е сосема реално Тирана ова да го стори во јуни.

„Секако, во политиката не може да се смета само на рационалните критериуми, но ако земјата е членка на НАТО, тоа значи дека барем има војска, како дел од државниот апарат кој е усогласен со високите меѓународни стандарди. Според тоа, земјата заслужува шанса да ги започне преговорите за членството во ЕУ“, изјавил Милановиќ.

Албанскиот премиер Рама, пак, смета дека проблемите лежат во предрасудите кон неговата земја.

„Имаше предрасуди поради тоа што ние во декември не добивме кандидатски статус, но процесот на реформи, модернизацијата и приближувањето кон ЕУ за нас нема алтернатива. Ние станува подобра земја и нашиот народ ќе живее подобро. Без оглед на тоа дали во јуни или натаму, ние ќе продолжиме со промените, бидејќи тие се добри“, рекол Рама, оценувајќи дека членството на Хрватска во ЕУ и договорот меѓу Белград и Приштина се двата најважни настани минатата година, со кои полека се остварува соработката на целиот регион.