1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Микрософт казнет со 900 милиони евра

Микрософот ја доби највисоката казна изречена досега во ЕУ затоа што конкурентите на концернот морале да плаќаат лиценцни такси за информации околу т.н. технички поврзници за да го прилагодат софтверот на Виндоус.

default

Европската комисија против Микрософт – тоа е бескрајна приказна, која веројатно ќе остане без хепи енд. Заштитниците на конкурентноста на пазарот во Брисел со години се борат против софтверскиот концерн од САД. Обвинувањето гласи – монопол на пазарот. Речиси редовно се изрекуваат казни, но со оглед на тоа што досега ефектот не беше којзнае каков, сега ЕУ презеде драстичен чекор. Микрософт е казнет со 900 милиони евра.

Највисока казна во историјата

Казната за Микрософт е највисоката во историјата на ЕУ што едно претпријатие морало да ја плати. Добиена е затоа што конкурентите на концернот до октомври 2007 година морале да плаќаат лиценцни такси за информации околу т.н. технички поврзници за да го прилагодат софтверот на оперативната програма на Микрософт – Виндоус. Надлежниот еврокомесар, Нели Крос објаснува: „Тоа е сигнал, инструмент за да се стави јасно до знаење дека нема да прифатиме непридржување до правилата. Тоа е како сообраќај. Ако не се држите до правилата, ќе бидете казнети.“

Ова е веќе третата казна за Микрософот во милионски износ. Или, вкупно досега ЕУ го казнила концернот од САД со 1,,7 милијарди евра. Сепак, според Крос, казната е фер и можела да биде и повисока, зашто Микрософт само на европскиот пазар со спорните производи прави добивка од три милијарди евра. Еврокомесарот укажа на тоа дека во моментов во тек се уште два процеси против Микрософт. Како тие ќе завршат не се знае. Борбата против гигантот продолжува, а парите од казните се влеваат директно во буџетот на ЕУ и на тој начин значат растоварување за европските даночни обврзници.