1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Миграцијата дава можност човек да се подобри

Су Кирага има докторска титула за педагогија и истражува на реномираниот универзитет Кембриџ во Велика Британија. Таа пред неколку години дојде како студентка од Кенија во Кембриџ и го исполни долгогодишниот сон.

default

Британските универзитети привлечни за странските студенти

Су Кирага има 34 години и доаѓа од Кенија. Таа живее и работи во Велика Британија на универзитетот Кембриџ. Пред шест години дојдов овде, вели таа, за да студирам, но сега останав и да работам. Ја подготвувам мојата докторска работа за образовни науки. Главни тежишта ми се истражување на половите и темата ХИВ во образованието.

„Сидата е една од моите научни теми и особено ми лежи на срце, бидејќи таа е голем проблем не само во Кенија, туку во цела Африка“, вели Су.

Образованието е социјална вакцина

Образованието во моментов се означува како социјална вакцина. Ние го нарекуваме така, бидејќи до сега не се најдени вакцина и лек против оваа зараза. Со добро образование можеш да разговараш за сите аспекти на сидата, објаснува Су. За неа главна цел е да им се понуди на децата подобар живот и можноста да го направат најдоброто за нивниот понатамошен живот. Таа им е посебно наклонета на деца, кои немаат или не добиваат шанса во животот.

Лаптоп компјутерот, библиотеката и книгите се најверните пријатели на Су Кирага. Навечер се обидувам, најмалку трипати во неделата, да џогирам, вели таа и верува во теоријата наречена „водење здрав живот“. Имено, нема смисла да се работи на кариерата, а да не се работи на своето здравје, вели Су.

Велика Британија дава можност доселениците да бидат тоа што се

Swasiland Aids-Patient bekommt antiretrovirale Medikamente

Су Кирага ги проучува половите и темата ХИВ во образованието

Животот во Кембриџ за младата девојка е прекрасен. Постојано се шета покрај реката и во парковите. Градот изобилува со зеленило. Тој е раздвижен град со голема меѓународна заедница. Студентите доаѓаат од сите краеви на светот. Со оглед на тоа што сите се странци не им е тешко постојано да склучаат нови контакти и да стекнуваат пријатели.

„Јас сум овде пораснав и секогаш имав слободен простор и можност да бидам тоа што сум. Знам, дека тоа е привилегија и не мислам дека е нешто што се подразбира само по себе“, објаснува Су, која многумина ја нарекуваат Сузан.

Таа не знаела каков е животот во Европа навистина. За тоа гледала само во медиумите. Била возбудена, но воедно се радувала на новиот почеток. Тоа и беше од секогаш сон, раскажува Су.

Иселувањето отскочна штица

Internationale Koproduktion in Uganda

Су сака да основа фондација што ќе се грижи за децата во и надвор од училиштата

„Миграцијата ми даде можност да се подобрам, да научам повеќе за тоа која сум јас, односно што сум јас. Денес сум позрела и стабилна личност и имам поголемо знаење, отколку во времето кога дојдов овде во Кембриџ. Иселувањето за мене беше отскочна штица. Освен тоа, Кембриџ ми овозможи да најдам работа, каква што сакам, за да можам да стекнам повеќе искуство и тоа познавање да го понесам со мене во Кенија. Тоа е фантастично.“

Најважниот сон на Су и се оствари, но сега има еден друг сон, многу поважен. Имено, еден ден да основа фондација што ќе се грижи за децата во училиштата и надвор од училишниот двор,а ќе им даде и соодветна шанса во животот. „Токму тоа го направи еден човек за мене. Мојата десертација е подржана од „Кембриџ Едукејшан Траст“. Тоа што некој го направи за мене, сакам да го направам и јас за многу други деца“, вели Су Кирагу, доселеничка и студентка на универзитетот Кембриџ во Велика Британија.