1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Мигрантите ќе добијат олеснувања за трансферот на пари

Мигрантите низ светот годишно испраќаат околу 300 милијарди долари во своите стари татковини. Но, се жалат на превисоките цени на услуги кои им се наплаќаат за трансферот на парите. Сега германската влада сака да помогне

default

Новиот инетернет портал со информации за трансфер на пари

Околу 463000 Берлинчани или 14% од жителите на главниот германски град се странци по потекло. Голем дел од нив финансиски ги поддржуваат своите семејства во татковините. Меѓу нив е и Дебо. Ова младо момче потекнува од Нигерија.
„Парите кои ги добива моето семејство се само половина од она што им го испраќам. Им велиш, ти праќам сто евра. Тие секако се радуваат, бидејќи сто евра во Нигерија се многу пари. Но, на крајот добиваат само педесет или најмногу шеесет евра и нормално се малку разочарани“.
Schild einer Western Union Filiale

Логото на Вестерн Унион


Дебо парите им ги праќа преку Вестерн Унион, една од специјализираните компании преку која се прави трансфер на пари во странство. Тоа преку нив оди навистина брзо, вели Дебо, бидејќи ваков трансфер кај одредени банки може да трае и до три недели. Но, разлики има и во услугата којашто ја наплаќаат за трансферот на парите.
По што уште се разликуваат финансиските институции во овој домен, сега лесно може да се дознае преку новиот интернет сервис кој го изготви германската влада заедно во соработка со германското друштво за техничка соработка, ГТЗ и франкфуртската школа за финансии и менаџмент. Понудите на четириесет банки, штедачки друштва и компании кои нудат трансфер на пари сега може да се споредат на веб страницата www.geldtransfair.de.
Ќе се намалат трошоците за трансфер на парите
Според министерката за развој Хајдемари Вичорек Цојл, со ова ќе се намали цената на услугите за трансфер на пари, како што е вообичаено за развиените земји, а пак земјите во развој ќе добијат дополнителни суми и тоа изразени во милијарди.
“Се работи за тоа, да се намалат трошоците и процесот да биде потранспарентен, како и да се зголеми конкурентноста меѓу понудувачите. Тоа е пред се за шестте земји, од кои има највеќе мигранти во Германија и кои најмногу испраќаат пари во татковините: Албанија, Гана, Мароко, Србија, Турција и Виетнам“.
Така префрлање на сто евра за Албанија може да чини од 1,5 евра до 25 евра. На веб страницата се објавени сите детали и разлики меѓу понудувачите на вакви услуги. Како на пример дали парите треба да се платат во кеш или мора да биде префрлена сумата преку банка. Податоците постојано се актуелизираат. Се планира за две години во системот да влезат уште 15 земји, а страницата долгорочно да опстојува од рекламите објавени на неа.
Најмногу пари во Германија испраќаат Турците и Србите
Во Германија, де факто, најмногу пари префрлаат, Турците кои живеат ове, но на второ место се Србите. За гувернерот на српската централна банка, Радован Јелачиќ, кој до пред осум години живеел во Германија, овие пари се важен извор на финансии во домашните земји:
„Според нашите анализи, во 2006 во Србија биле испратени три милијарди долари од странство. Тоа е 8,1% од брутонационалниот производ. Само од Германија доаѓаат 300 милиони долари годишно.“
Со овие пари не само што се обезбедуваа преостанатиот дел од семејствата туку се финансираат мали претпријатија, се купуваат куќи или недвижнини. Тоа ја поттикнува економијата во земјите во кои се праќаат парите.
Често, половина од парите остануваат по банките
Тоа може да се промени кога ќе се намалат цените на услугите за трансфер на пари, сметаат експертите. Во Велика Британија, каде веќе подолго време опстојува ваква страница, на пример, цените за префрлање пари во Индија паднаа за близу 40%. Проблем при трансферот на пари, пред се во земјите во развој е тоа што кај нив има несоодветни финансиски структури. Само со една веб страна, според германскиот министер за финансии Пеер Штајнбрук не може многу да се стори за да се промени ситуацијата.
„Главна цел на нашите напори е да се обезбеди помош за самопомош. За тоа се потребни редица елементарни предуслови. Во ова спаѓа и тоа секој кој има можност, да отвори банкарска сметка и да има пристап до услугите од финансиските институции.“ И тоа, вели Штајнбрук за овие земји не е подразбирливо, како што е тоа за најголемиот дел од Германците.